ВИЗИОН, УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРВИОТ СОСТАНОК ЗА УЧЕЊЕ И ПРЕДАВАЊЕ (LTT) ОД ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ ВО ХРВАТСКА


Првиот состанок за учење, предавање и обука (LTT) во рамки на Еразмус+ KA проектот „Дигитална трансформација во специјалното образование“ (2023-1-TR01-KA220-SCH-000160579), во кој Меѓународниот Универзитет Визион е еден од партнерите, се одржа во периодот од 22 до 26 октомври 2024 година во Вргорац, Хрватска.

Покрај проектниот координатор — Универзитетот во Амасја (Туркије) и партнерот Меѓународен Универзитет Визион, на состанокот учествуваа ученици, наставници и академици од Основното училиште Вргорац (ОŞ Vrgorac) — домаќин на настанот, како и од Турција: Специјалното училиште Амася Шехзаде и Мерзифон Шехит Дурсун Озсарач Средното стручно и техничко анадолско училиште, од Литванија: Универзитетот Вилнус и од Холандија: Образовната институција Eduxpress.

Меѓународниот Универзитет Визион беше претставуван од страна на институционалниот координатор за Еразмус+, доц. д-р Арафат Усеин. За време на продуктивниот состанок, беа дискутирани активностите за специјално образование кои беа подготвени пред мобилноста и беа разменети идеи за развој на нови активности. Дополнително, беа споделени методи што можат да се применат во развојот на активности за едукација на ученици со посебни потреби, како и примери на заедничка работа.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi