Дозвола за престој


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕТНИ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРЕСТОЈ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ

Документи и регулативи за добивање на дозвола за престој за студенти запишани на редовно образование

Странските студенти кои за првпат аплицираат за студии во Република Северна Македонија преку амбасадите на Р.С.М. во нивната матична земја, треба да ги достават следните документи:

• Документ за запишување на универзитет/факултет

• Студиската програма од образовната институција во која странскиот студент е запишан во Р.С.М., која ги содржи времетраењето на студиите, условите за запишување на секоја студиска или академска година и распоредот на часови

• Потврда за неосудуваност и доказ дека не се води кривична постапка – уверение од казнена евиденција

ПОТРЕБНИ ДОКУМНЕТИ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРЕСТОЈ

Документи кои странските студенти треба да ги достават за добивање на дозвола за престој во градот каде што студираат во Република Северна Македонија, преку локалната полициска станица:

• Потврда за запишување (се добива од универзитетот)

• Документ за привремен престој во Р.С.М.

• Осигурителна полиса

• Договор за наем

• Пасош и нотарски заверена копија од пасошот, при што важноста на пасошот (за сите странски државјани ) треба да биде најмалку 2 години

• Уверение од казнена евиденција

• Доказ за финансиски средства за време на студирањето (банкарска сметка)

• Копија од потврдата издадена од полициската станица за регистрација на престојот

• Копија од страницата од пасошот со печат за влез во Р.С.М.

• Фотографија во димензии 3x3,5 cm

• Надомест за престој

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi